„Меси ефект“ носи и пет заминувања од ПСЖ

ПСЖ беше еден од најактивните клубови на трансфер маркетот ова лето, а стигна и до долгодишната желба, Лео Меси. Аргентинецот на „Паркот на Принцовите“ пристигна како слободен играч за плата од 35 милиони евра, а за парижани да успеат да го запазат финансискиот фер-плеј сега ќе мораат да продаваат.

Согласно со тоа на списокот на заминувања ПСЖ ги стави Јулијан Дракслер, Пабло Сарабиа, Рафиња, Курзава и Тило Керер. Овие играчи треба да го напуштат клубот до крајот на август при што некои од нив ќе бидат продадени додека други ќе заминат на позајмица.

Покрај Меси во редовите на ПСЖ ова лето на слободен трансфер пристигнаа и Серхио Рамос, Џанлиуџи Донариума и Џорџињо Вајналдум, додека парискиот клуб за сума од 60, односно 16 милиони евра ги ангажаираше Ашраф Хакими и Данило Переира.

Се вчитува...