Барселона ја заврши оваа катастрофална 2020 година со уште еден разочарувачки резултат, ремизирајќи 1-1 на домашен терен против Еибар. Тимот на Еибар ги имашe загубено сите досегашни гостувања на „Камп Ноу“ со вкушна гол-разлика 6-24, но аутсајдерот овојпат успеа да остане непоразен во каталонската престолнина.
Лионел Меси го следеше од трибините овој меч откако подоцна од останатите се врати од Аргентина по божиќната пауза. Во отсуство на Аргентинецот, избраниците на Роналд Куман не успеаја да го скршат отпорот на противникот, а главен виновник сигурно е Мартин Бреитвајт. Тој промаши пенал на самиот почеток, во првото полувреме имаше и поништен гол поради офсајд, по што домашните фудбалери понервозно влегоа во вториот дел.
Дефанзивецот Араухо направи катастрофална грешка по која Еибар прв стигна до предност, а се што успеа да стори Барса до крајот беше израмнувачкиот погодок на Дембеле.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА