Меси го испрати барањето за раскин на договорот со Барса (ФОТО)

Навивачите на Барселона мислеа дека тоа никогаш нема да се случи и дека Аргентинецот до крајот на кариерата ќе остане на „Камп Ноу“, но очигледно „војната“ што ѕвездата на каталонскиот гигант ја има со претседателот Жозеп Мариа Бартомеу е премногу жестока. Агентот на Меси и официјално го испрати барањето за раскин на договорот, а тоа излезе и во јавноста.

Меси бара договорот да биде раскинат според клаузулата со која тој може да стане слободен агент доколку побара разделба 20 дена по завршувањето на сезоната. Во секоја друга сезона тоа би било до 10 јуни, така тоа го смета Барселона и овојпат, но, сепак, адвокатите на Меси се на став дека тој има право на раскин до 31 август поради тоа што сезоната беше продолжена поради пандемијата на коронавирусот.

Се вчитува...