Меси го израмни рекордот на Герд Милер

Аргентинскиот интернационалец Лионел Меси се запиша во листата на стрелците во триумфот на Барселона на гости против Вилјареал (0-2) и достигна нов рекорд. Тој е сега рамо до рамо со „кралот на стрелците“, Германецот Герд Милер. Двајцата имаат постигнато по 525 гола за еден клуб, Меси за Барселона, а Герд Милер за Баерн Минхен.

Со овој погодок Меси помина во водство и во трката за најдобар стрелец во Европа во 2017 година. Има постигнато 49 гола, еден повеќе од Единсон Кавани. На третото место е Роберт Левандовски од Баерн Минхен со 43 погодоци.

Се вчитува...