„Меси го носи цел тим на своите рамена“

Поранешниот фудбалер на Барселона и бразилски репрезентативец Едмилсон смета дека каталонскиот клуб поминува низ тежок период. Барселона остана без титулите во Ла лига и Копа дел Реј и остана да се надева само за трофејот во Лигата на шампионите. Каталонците ги очекува реванш мечот од осминафиналето проитив Наполи.

„Меч од Лигата на шампионите ќе се игра по многу долго време и верувам дека двата тима имаат шанси. Најмногу поради тоа што нема да има навивачи. Наполи може да дојде до победа на „Камп ноу“. Барселона поминува низ тежок период. Меси практично игра сам, целиот тим го носи на своите рамена“, изјави Едмилсон. 

Првиот натпревар меѓу двата тима кој се играше пред паузата предизвикана од пандемијата од коронавирус на „Сан Паоло“ во Неапол заврши без победник 1-1.

Се вчитува...