Меси го побара неговиот дрес, па играчот на Елче остана шокиран! (ВИДЕО)

Барселона синоќа успеа да забележи важна победа против Елче, па на оовј начин остана во трката за титулата шампион на Шпанија. Сепак, еден момент го привлече внимание на фановите и јавноста. Не станува збор за ниту еден од двата гола на Лионел Меси во победата од 3-0, туку за неговата размена на дресови со противничкиот играч!

Кога судијата го означи крајот на натпреварот, голманот на Елче, Едгар Бадија, му се приближи на Меси да се поздрави, а Аргентинецот започна да го соблекува дресот. Меси му го врачи својот дрес на Бадија, а потоа го замоли и голманот да му го даде неговиот – што сериозно го збуни Едгар!

Голманот на Елче беше изненаден што Лео Меси го посакува неговиот дрес, како и самиот да не можеше да поверува дека ќе има сувенир од најдобриот играч на денешницата.

 

Се вчитува...