Меси и Гризман и донесоа три бода на Барселона против Билбао (ВИДЕО)

Барселона славеше над Атлетик Билбао со 2-1 во 21. коло во шпанската Ла лига. Лионел Меси со прекрасен гол од слободен го отвори резултатот во 20. минута. Во вториот дел гостите израмнија со автоголот на Џорди Алба во 49. минута, а големи три бода за Каталонците донесе Антоан Гризман во 75. минута.

Барселона се качи на 2. место на табелата со 40 бода, но десет помалку од лидерот Атлетико Мадрид, додека Билбао останува 11. со 24 бода.

 

 

 

 

Се вчитува...