По најголемиот срам во историјата на клубот и поразот од Баерн Минхен со 8-2 во полуфиналето од Лигата на шампионите, шпанските медиуми истакнуваат дека останувањето на Лионел Меси во Барселона е се понеизвесно. Додека претседателот на Барселона Жозеп Бартомеу уверува дека Меси сака да се пензионира на „Камп ноу“, шпанската Марка не е сигурна во тоа сценарио.
Имено, реноминираниот медиум напоменува дека Меси во моментов не е подготвен да го продолжи договорот, а два клуба веќе чекаат во ред за неговиот потпис. Први кандидати за доведување на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња се Манчестер Сити кој е предводен од Пеп Гвардиола со кој Меси освои две титули во Лигата на шампионите и Пари Сен Жермен кој ќе се обиде повторно да ги спои Нејмар и Меси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА