Меси израмни фантастичен рекорд на Пеле

Рекордите на Пеле долги години делуваа недостижни во светот на фудбалот, но во оваа 2021 бразилската легенда следи како Кристијано Роналдо и Лионел Меси ги надминуваат неговите достигнувања. Роналдо го престигна Пеле како најдобар стрелец во историјата на фудбалот, а синоќа падна уште еден рекорд на Бразилецот, овојпат како најдобар стрелец во историјата на една лига во ветот.

Пеле во својата каариера има постигнато 467 погодоци во бразилскиот шампионат, бројка што Меси ја израмни со двата гола постигнати во Сан Себастијан против Реал Сосиедад и рекорд што сигурно ќе падне на еден од наредните натпревари на Барса во Ла Лига.

Меси веќе извесно време е најдобар стрелец во историјата на врвните европски лиги, ако се знае дека број 1 во оваа категорија во Англија е Џими Гривс со 357 погодоци, во Германија тоа е Герд Милер со 365, во Италија – Силвио Пиола со 274, а најдобар стрелец во Франција е Делио Онис со 299 погодоци.

Се вчитува...