Меси му донесе огромна заработка и на Мајкл Џордан

Трансферот на Лионел Меси од Барселона во тимот на ПСЖ е дефинитивно најголемата вест во фудбалскиот свет ова лето, а многумина имаа корист од неговиот договор со „светците“.

Самиот ПСЖ заработи 10% од продажбата на секој дрес, што во моментов е заработено повеќе 12.000.000 евра.

Меѓу нив е и еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Мајкл Џрдан. Аргентинецот пристигна во Париз минатата недела, а само првиот ден од потписот, навивачите купија дресови во вредност од 120 милиони евра.

Познатиот бренд, спонзор на „светците“, е во сопственост на Мајкл Џордан, кој има право на пет проценти од заработката од продажба на дресови.

Ова значи дека поранешната ѕвезда на Чикаго заработи шест милиони евра само од Меси за еден викенд, а треба да се напомене дека поранешниот капитен на Барселона не дебитираше ниту за ПСЖ, а се очекува продажбата на дресови да скокне уште повеќе од тој момент.

Интересно е и тоа што веднаш по официјалната објава дека Меси ќе стане нов играч на Париз, тој клуб пушти во продажба 150.000 дресови со неговото име и број 30, а тие беа продадени за само седум минути.

Се вчитува...