Меси најави прес-конференција на „Камп Ноу“

Сега веќе поранешниот ас на Барселона, Лионел Меси за утре (недела) закажа прес-конференција на која најверојатно ќе објасни што точно се случи на преговорите на нов договор со каталонскиот гигант.

Оваа информација ја објави Фабрицио Романо, а сигурно пресот на Меси, кој ќе го одржи на „Камп Ноу“ ќе привлече огромно внимание кај фудбалската јавноста, а пред сè кај неговите фанови и приврзаниците на Барселона.

Пред неколку дена Барселона соопшти дека Меси и официјално го напушта клуб, за кого настапуваше цели 17 години и освои сè што може да се освои на клупски план.

Во последниот период наголемо се пишува и шпекулира за причините за заминувањето на Аргентинецот од Каталонија, а најверодостојна е таа дека Барса поради големите долгови не добила „зелено светло“ од Примера за да го задржи својот најдобар фудбалер, иако Меси се согласил на драстично намалување на неговите години приходи.

Се вчитува...