Лео Меси го предводи Интер Мајами во походот кон титулата во МЛС-лигата, но бидејќи сезоната во САД завршува на крајот од оваа година, постои сериозна можност Аргентинецот на почетокот од 2026 да дојде назад во Европа.
Барселона се споменуваше како идеална варијанта, со што Меси би го добил и збогувањето што го заслужува од каталонскиот гигант на крајот од евентуалната тримесечна позајмица. Сепак, ова се чини воопшто не е реална опција откако директорот Деко објави дека каталонците не размислуваат за враќање на најдобриот фудбалер во историјата.
„Меси на краткорочна позајмица? Мислам дека тоа не е возможно, Лео има договор. Новинарите пишуваат, но никогаш не е размислувано конкретно на оваа тема. Меси секогаш е Меси, но неговиот камбек воопшто не е тема на разговор кај нас“, истакна Деко, разочарувајќи ги верните фанови на Барса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

