Меси не игра ниту против Шпанија

Лионел Меси го пропушти пријателскиот меч против Италија поради болки во бутниот мускул, па иако тренираше во последниве два дена со остатокот од тимот, тој вечерва нема да игра против Шпанија. Селекторот на Аргентина Жорге Сампаоли, не сака да го ризикува здравјето на неговиот најдобар играч за меч кој не е од голема важност, Аргентинците против „аѕурите“ покажаа дека можат и без Меси.

Ѕвездата на Барселона за аргентинските медиуми изјави дека сака да настапи и да помогне на својот тим без разлика што се работи за пријателска средба, но посочи дека со селекторот ќе донесе одлука дури по последните прегледи кои треба да се извршат попладнево.

„Кога веќе не можев да играм против Италија, сакам да излезам на теренот и да помогнам на моите соиграчи против шпанската, но таа одлука не ја носам јас самиот. Тренингот го одржав во најдобар ред, се чувствувам добро, ќе видиме што ќе кажат последните прегледи пред мечот“, истакна Меси.

Натпреварот Шпанија – Аргентина се игра вечер во 21:30 часот на стадионот „Ванда метрополитано“ во Мадрид.

Се вчитува...