Меси нема да го продолжи договорот со ПСЖ и ќе замине како слободен идното лето

Фудбалерот на ПСЖ и еден од најдобрите на сите времиња Лионел Меси, би можел идното лето да го напушти тимот од Париз. Аргентинскиот напаѓач наводно нема да го продолжи договорот, и ќе замине како слободен летото 2023 година.

Претходно беше објавено дека Барселона ќе го искористи тоа и ќе го врати Аргентинецот на „Ноу Камп“.

35-годишниот напаѓач сезонава на 11 меча постигна 6 гола и има 8 асистенции.

Меси пристигна во ПСЖ во 2021 година, откако шокантно ја напушти Барселона како слободен агент поради финансиската криза. Сега откако „Каталонците“ се стабилизираа, се погласно се споменува негов „кам-бек“, каде што би можел да ја заврши кариерата. За Барса Меси одигра 520 натпревари во Шпанија, што го прави прв по бројот на настапи во славниот клуб.

Се вчитува...