Меси предвреме на одмор, нема да игра против Еибар

Лионел Меси нема да биде дел од составот на Барселона за натпреварот против Еибар во последното коло од Ла Лига, потврди каталонскиот клуб. Според најавата, Аргентинецот го пропуштил последниот тренинг со дозвола на тренерот, па тој и официјално нема да биде во составот за натпреварот против Еибар во сабота.

За Меси и Барса очигледно завршија сите надежи за било каков трофеј во оваа сезона, па Аргентинецот реши предвреме да замине на одмор и да има неколку дена плус за да ги наполни „батериите“ пред настапот за националниот тим на Копа Америка.

„На овој начин, аргентинскиот фудбалер може да има кратка пауза пред репрезентативните обврски и Копа Америка, по сезоната во која тој беше еден од играчите кои поминаа најмногу време на теренот“, стои во соопштението на Барса.

Меси оваа сезона одигра 47 натпревари за Барселона, на кои постигна 38 погодоци. Тој е најдобар стрелец во Ла Лига со 30 постигнати погодоци.

Аргентинецот за сабота има најавено интервју во кое ќе говори за иднината, но речиси сигурно е дека Меси ќе ја прифати понудата за нов договор со Барселона, и тоа за помала плата од она што го заработува во моментов.

Се вчитува...