Меси нема да штрајкува – доаѓа во Барселона, но не сака да се види со Бартомеу

Лионел Меси останува цврсто на своето барање да си замине од Барселона, но аргентинскиот голгетер не планира со штрајк да врши дополнителен притисок над управата на каталонскиот гигант. Извори блиски до „десетката“ на Барса тврдат дека Меси в недела ќе се појави во тренинг-комплексот, каде врз сите фудбалери ќе бидат извршени тестирања за Covid-19.

Тој (доколку се е во ред со тестовите) од понеделник ќе почне со тренинзи со остатокот од тимот под водство на новиот тренер Роналд Куман, но веќе ставил до знаење дека паралелно со тоа неговиот татко и агент ќе преговара со заинтересираните клубови. Исто така, Меси е дециден по уште едно прашање – тој нема намера да се сретне со Бартомеу, средба на која претседателот на Барселона се надеваше за да се обиде да го убеди Аргентинецот да остане на „Камп Ноу“.

Со секој нов ден Меси е се поблиску до заминување од Барса, но конечниот збор сепак ќе го имаат челниците на каталонскиот гигант, кои ќе треба да ја спуштат сумата што ја бараат од клаузулата од 700 милиони евра. Во спротивно, ќе ризикуваат Аргентинецот наредното лето да си замине без никаква отштета, а уште од јануари да може да преговара и да потпише преддоговор со новиот клуб.

Се вчитува...