Меси нема дилема: Бензема треба да ја добие „Златната топка“

Лионел Меси го даде своето мислење кој треба да го наследи како освојувач на „Златната топка“ за најдобар светски фудбалер во 2022 година.

Аргентинецот најголема подршка му дава на ѕвездата на Реал Мадрид, Карим Бензема, кој има неверојатна сезона. Порашениот играч на Барселона е реален во своето предвидување.

„Нема никакви сомнежи, многу е јасно дека Карим Бензема имаше фантастична сезона и на крајот ја освои и Лигата на шампиони. Тој беше клучен во сите натпревари почнувајќи од осминафиналето. Мислам дека оваа сезона нема сомнеж кој треба да ја освои ‘Златната топка’“, рече фудбалерот на ПСЖ.

Меси и Бензема сезонава се соочија во осминафиналето во Лигата на шампиони, кога Реал со неверојатен пресврт на „Сантијаго Бернабеу“ го елиминираше ПСЖ.

Се вчитува...