Меси никогаш не му дал гол на Буфон!

Барселона вечерва му гостува на Јувентус во рамките од Лигата на шампионите, уште една шанса за Лионел Меси конечно да најде начин да го совлада Џанлуиџи Буфон. Аргентинецот е вистинска напаст за противничкиТочно е дека не сумте дефанзивци и голмани, но досега не успеал да ја затресе мрежата на Буфон. Меси и соиграчите излегоа како победници од последниот дуел – финалето во ЛШ во 2015 година, но на тој меч стрелци за Барса беа Ракитиќ, Суарез и Нејмар.

Точно е дека не сум примил гол досега од Меси, но да бидам искрен, и не сум се среќавал премногу со Лео. Згора на тоа, јас секогаш во својот тим и репрезентација имам извонредна одбрана пред себе“ – истакна Буфон на вчерашната прес-конференција.

mesi golovi

Вечерашниот дуел ќе биде прв за Лионел Меси во Торино, со што Аргентинецот ќе има можност да постигне гол во 23. различен град во Лигаа на шампионите. Досега Меси е најефикасен во Глазгов, каде е вистинска напаст за фудбалерите на Селтик, а во Италија има постигнато погодоци во Милано и во Рим.

Од европските противници, Меси од досегашните 94 погодоци најмногу му дал на Арсенал, дури девет, пред Милан и Селтик со по осум, Баер Леверкузен со седум и Манчестер сити и Ајакс со по шест гола.

Се вчитува...