Меси од лето во Реал? Серхио Рамос со својот одговор ја „запали“ Шпанија

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, проговори за можноста да игра заедно со Лионел Меси. Договорот на Рамос со Реал истекува на лето, а на Меси со Барселона. Двајцата дури може да ги напуштат своите тимови, но Рамос е запрашан дали постои можност тие да бидат во ист тим во сезоната 2021/22.

Рамос кажа дека би играл заедно со Меси, но единствено ако тоа биде клубот на Реал Мадрид, а за почеток на Лео ќе му понуди и сместување во неговиот дом.

“Ако Меси би се согласил да дојде во Реал Мадрид, би му понудил сместување во мојата куќа барем неколку недели додека не се снајде. Тој може удобно да се смести во мојот дом и јас би бил многу среќен што да бидам негов домаќин. Ние во Мадрид бевме принудени да го гледаме Меси во дресот на друг клуб, но ако тој дојде кај нас, нема повеќе да се соочуваме со него и сигурно ќе имаме многу поголеми шанси да освојуваме титули. Треба да бидам будала за да кажам дека не би сакал Меси да дојде во Реал“, додаде Шпанецот.

А што се однесува до Рамос, тој никогаш не би заминал во Барселона.

“Апсолутно нема шанси да одам во Барса, иако ми се допаѓа новиот претседател на Барселона Жоан Лапорта кој го познавам. Но, исто толку е нереално да се очекува Чави, Пујол или Меси да дојдат во Реал, така сме и ние во Реал, не можеме да играме за Барселона. Постојат работи што неможат да се купат со пари“, заклучи Серхио.

Се вчитува...