Меси по состанокот со Куман ќе одлучи дали ќе остане во Барселона

Судбината околу заминувањето на Лионел Меси од Барселона ќе биде позната по состанокот кој Аргентинецот ќе го има со новиот тренер Роналд Куман. Меси има договор со каталонците до летото 2021 година, но во клаузулата стои дека може да го напушти клубот без оштета доколку тоа го посака.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Меси не сака да учествува во промена на генерации и градење на нов тим. Од друга страна Куман изјави дека го сака во клубот и ќе се обиде на секој можен начин да го натера да остане во клубот. Доколку Меси замине од „Камп Ноу“ главни фаворити за неговиот потпис се Интер и Манчестер Сити.

Се вчитува...