Меси потпиша до 2021 година, клаузула од 700 милиони евра

Лионел Меси ги израдува сите навивачи на Барселона отстранувајќи ги дилемите околу својата иднина со денешниот потпис на новиот договор со каталонскиот гигант, со важност до 2021 година. Актуелниот договор на Меси истекуваше на крајот од сезонава и постоеше опасност тој веќе во јануари да почне преговори со други клубови, се најавуваше офанзива на Манчестер сити, но челниците на Барса успешно ги финишираа преговорите и денеска официјално го „врзаа“ својот најдобар играч и за наредните три сезони, осигурувајќи го неговото останување на „Камп ноу“ најмалку до 34-годишна возраст.

Меси ќе заработува неверојатни 30 милиони евра по сезона, со што значително ќе го мине Кристијано Роналдо со заработувачката во Реал Мадрид, а клаузулата на аргентинскиот ас од 250 милиони евра ќе се искачи на неверојтни 700 милиони евра за оние кои ќе сакаат да го доведат во своите редови.

„Дебитираше за првито тим пред 4.788 дена. Одигра 602 натпревари. Постигна 523 голови. Освои 30 титули. Историјата продолжува. Меси 2021“ – објави каталонскиот гигант.

Се вчитува...