Меси, Рамос, Вајналдум – Како ќе изгледа „дрим-тимот“ на ПСЖ следната сезона (ФОТО)

„Светците“ од Париз беа еден од најактикните клубови на трансфер пазарот ова лето. Во своите редови ги доведоа Џиџи Донарума, Серхо Рамос, Џорџино Вајналдум, Данило Переира и Ашрафт Хакими, а се придружи и Лео Меси.

Со тоа јасно е дека тренерот Маурисио Покетино ќе има слатки маки за составување на „дрим-тимот“ кој следната сезона се очекува да ја покори Европа.

На голот се очекува да се најде Донарума, додека „ѕидот“ пред него ќе го сочинуваат Курзава, Маркињос, Рамос и Хакими. Во средниот ред се очекуваат Вајналд, Верати и Меси, додека ударното трио во нападот Ди Мариа, Нејмар и Мбапе.

Многумина очекуваат и ПСЖ во одбраната да заигра со стопери со што пред Донарума би се нашле Кимпембе, Рамос и Марињос, а Бернат и Хакими да имаат офанзивна задача на крилата. Во тој случај во средниот ред би заиграле Вајналдум и Верати, додека во нападот Нејмар, Меси и Мбапе.

Се вчитува...