Меси се посрамоти: Го „испружи“ Столе, па промаши зицер (видео)

Лионел Меси со Барселона го совлада Рајо Валјекано и се пласираше во следната рунда од Копа дел реј, но аргентинскиот генијалец се посрамоти во 91. минута, кога имаше шанса да стави печат на победата.

Асот на Барса се најде во шеснаесетникот, го испружи колку што е долг нашиот интернационалец Столе Димитриевски, но кога му остана полесниот дел од задачата, тој повторно компликуваше и на крајот од непосредна близина биеше крај дирекот.

Уште еден доказ дека сезонава Лео Меси е далку под сите норми што Аргентинецот ги поставуваше во изминатите години…

Се вчитува...