Меси се повреди на тренинг

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси, доживеа повреда за време на тренинг на Интер Мајами. Аргентинецот во еден момент се пожали на болки во скочниот зглоб, и поради тоа мораше предвреме да го заврши тренингот.

Тренрот на Интер, Тата Мартино ја објасни повредата на својот сонародник и смета дека се ќе биде во ред со Меси.

„Да беше нешто сериозно, сите соиграчи ќе беа шокирани, вака сите беа расположени, така што сметам дека се ќе биде во ред“, изјави Мартино.

Меси на пет натпревар за Интер Мајами, постигна осум голови и има одличен старт во дресот на тимот од МЛС. Во среда Интер Мајами ќе се соочи со Филаделфија во полуфиналето на Лига купот.

Се вчитува...