Меси се збогува со Нејмар: Ми беше голема чест да играм со тебе

Аргентинскиот ас Лионел Меси на Инстаграм испрати порака до својот досегашен соиграч Нејмар, кој денеска и официјално им соопшти на играчите на Барселона дека ќе направи трансфер во ПСЖ. Меси истакна дека му е чест што играл заедно со Бразилецот во дресот на Барселона.

„Ми беше чест да ја делам соблекувалната со тебе во Барселона, мој пријателе Нејмар. Ти посакувам се најдобро во следната станица од твојот живот“, напиша Меси.

 

Се вчитува...