Меси со тужба за „Ел мундо“ поради објавата на договорот со Барселона

Лионел Меси ќе го тужи шпански „Ел мундо“ поради објавување детали од договорот на Аргентинецот со Барселона. Неговиот адвокатски тим ја подготвува тужбата. Според пишувањата на „Ел мундо“ Меси е една од главните причини за финансиската криза на клубот, поради неговите астрономски примања од 138 милиони евра по сезона.

Од Барселона испратија јавна поддршка за својот најдобар фудбалер, поради како што велат обидите да се уништи неговиот имиџ во јавноста.

 

Се вчитува...