Меси стигна на „Паркот на принцовите“, во ПСЖ ќе го носи бројот на Роналдињо (ВИДЕО)

Лионел Меси стигна на „Паркот на Принцовите“ каде утре ќе ја има официјалната промоција во нов фудбалер на ПСЖ. Веќе е познато и кој број ќе го носи Аргентинецот, откако е потврдено дека тоа ќе биде „30“.

Интересно е тоа што дресот со број „30“ пред нешто помалку од 20 години во истиот тим го носеше и Роналдињо, кој токму на Лео Меси му ја препушти „10“ во Барселона.

 

 

Се вчитува...