Меси треба само да се појави, ФИФА ќе му ја преполови казната

Казната за Лионел Меси од четири натпревари неиграње во квалификациите за СП 2018 ќе биде намалена на два меча доколку аргентинскиот ас се појави на сослушувањето во Цирих, закажано за 4 мај.

Аргентинскиот весник „La Nacion“ тврди дека притисокот од јавноста поради ригорозната казна, четири меча неиграње поради навреда на помошниот судија, вродил со плод. Челниците на ФИФА сепак инсистираат Меси самиот да дојде во Швајцарија и да даде изјава пред „дисциплинците“. Според медиумите во Аргентина, доколку тоа се случи казната експресно ќе биде преполовена, што би значело дека Меси ќе може да им помогне на „гаучосите“ пред крајот на квалификацискиот циклус.

Неофицијално, токму тоа е причината поради која новиот претседател на Аргентинската Фудбалска Асоцијација, Тапија, допатувал викендов во Барселона на средба со Меси, се со цел најдобриот аргентински фудбалер да може да и помогне на својата селекција на клучните натпревари за пласман на СП во Русија.

Се вчитува...