Меси: Вакво нешто не сум видел во животот, судијата не сака да играм на Ел Класико

Барселона по тешка битка успеа да триумфира на дуелот против Валјадолид со голот што во 90. минута го постигна Дембеле, а Лионел Меси го одигра еден од послабите овосезонски натпревари во дресот на каталонскиот гигант.

Аргентинецот на почетокот на доби неколку прекршоци пред противничкиот шеснаесетник, што го исфрли од ритам, а Меси потоа се пожали дека судијата му се заканувал со жолт картон, што ќе значеше негово неиграње на големото дерби со Реал Мадрид што е на програмата следниот викенд.

„Сака да ми даде жолт картон по секоја цена. Вакво нешто не сум видел во животот, судијата не сака да играм на Ел Класико. Неверојатно“, му се пожали Меси на клупскиот секретар Карлес Навал.

Се вчитува...