Меси за хаосот во Бразил: Можеше да заврши со трагедија

Аргентина ја победи селекцијата на Бразил со 0-1 во квалификациите за Светското првенство на славната „Маракана“. Единствениот гол го постигна Николас Отаменди, но сите зборуваат за хаосот кој настана пред, за време и по натпреварот.

Натпреварот доцнеше пола час поради тепачка на навивачите и полицијата на култниот стадион. За да спречи инциденти на трибините, реагираше и капитенот на Аргентина Лиолен Меси, па ги одведе играчите во соблекувалната. Аргентинците бараа дуелот да биде прекинат, но на крајот беше довршен. Во еден миг неговиот соиграч, голманот Емилијано Мартинез нападна полицаец кој во тие моменти тепаше аргенитнски навивачи.

Меси по натпреварот даде изјава за случувањата.

„Тешко ни падна. Видовме како тепаат луѓе со пендреци. На трибините беа и семејствата на играчите. Се повлековме во соблекувалната поради тоа што сакавме да ја смириме ситуацијата. Не можевме многу да направиме. Гледавме како ги удираат луѓето, ги буткаат. Можеше да дојде до трагедија. Играчите се прашуваа како им се семејствата, како се луѓето на трибините“, рече Меси.

Се вчитува...