Меси: Заминувањето од Барса ми падна тешко, но среќен сум што сум дел од ПСЖ

Лионел Меси денеска е промовиран во нов фудбалер на Пари Сен Жермен. Тој на официјалната прес-конференција по повод неговата промоција вели дека му е навистина тешко што ја напушти Барселона, но дека е среќен што ќе потпише со клуб како што е ПСЖ.

„Заминувањето од Барса ми падна многу тешко, но сум среќен што му се придружувам на Пари Сен Жермен кој е амбициозен и клуб од светска класа. Реагираа многу брзо и сериозно веднаш по мојата пресконференција во Барселона минатиот четврток. Пресреќен сум. Навистина е лудо што ќе играм со најдобрите фудбалери во светот. Мојата желба е да ја освојам Лигата на шампионите уште еднаш во кариерата. Мислам дека имаме тим за тоа“, изјави Меси. 

Лионел Меси потпиша двегодишен договор со ПСЖ со можност за негово продолжување, а годишно аргентинскиот ас ќе заработува по 35 милиони евра.

Се вчитува...