Местење во кошарка какво што досега не е видено… За двете екипи веднаш следеше суспензија! (ВИДЕО)

Кошаркарските клубови Депиро и Хибернианс го завршија својот натпревар со резултат 69-66 во шампионатот на Малта.

И ништо од тоа немаше да биде чудно ако двете екипи во последните шест минути од мечот не сакаа да постигнат ниту еден поен.

Токму тој резултат им овозможи на двете екипи подобра позициј пред стартот на плеј-офот, па си дозволија „грешки“ на кои се смее целиот спортски свет.

Но, местенката не им помина затоа што брзо следеше реакција од Кошаркарскиот сојуз на Малта… Наведениот натпревар е пониште, а поради местење двете екипи моментално се ифрлени од лигата поради „неодржување на интегритетот и сериозно нарушување на правилата на игра“.

Се вчитува...