Металург Автокоманда со несреќна елиминација од ЕХФ Купот

Ракометарките на Металург Автокоманда не успеаја да минат уште една пречка во ЕХФ Купот откако по голема борба беа елимиираи од хрватски Сплит. Првиот дуел заврши без победник, 24-24, но кобен за македонскиот тим беше денешниот меч во Автокоманда што по голема борба беше загубен со минимални 25-26.

Како пресудно се покажа првото полувреме во кое ракометарките на Металург Автокоманда им дозволија на противничките од Хрватска целосно да доминираат и на одмор да заминат со убедливи 11-17. Македонскиот тим заигра далеку подобро во вториот дел, се спушти на два гола негатива, но Металург Автокоманда во самиот финиш стигна до 25-26, не успевајќи да стигне до посакуваното реми што ќе го одведеше двомечот во пенал-завршница.

Ива Божиноска беше во главна улога во македонскиот тим со девет погодоци, додека Коларовска го заврши мечот со седум постигнати гола.

Се вчитува...