Металург бира ново раководство

Металург во пролетниот дел од сезоната ќе влезе со нова раководна структура. Според најавите од Автокоманда, следната недела ќе биде назначен новиот претседател на клубот кој треба да дојде на местото на Левче Китевски.

Пред неколку дена Китевски беше сменет од раководната функција во Металург. Причина за смената неофицијално, биле нарушените односи на Китевски со луѓето во клубот. Тој повеќе години беше во раководните структури на Металург, а на претседателската  функција дојде пред три години кога беше сменет Ристо Чокрев.

Во меѓувреме, до назначувањето на новиот претседател, техничката функција во клубот како в.д. претседател ја извршува Филип Христов во координација со поранешниот репрезентативец, Ванчо Димовски, сега во улога на спортски директор во клубот од Автокоманда.

„Настојуваме работите да се одвиваат нормално и да не се почувствуваат турбуленции во оној технички дел, до формалното анзначување на новото раководство. Наредната недела треба да се одржи вонредно Собрание и да се наименуваат новите луѓе што ќе го водат клубот. Во меѓувреме јас и Ванчо Димовски технички ги извршуваме работите“ – појаснува  Филип Христов.

Се вчитува...