Металург го совлада Бутел и се пласираше во финалето на Купот на Македонија

Металург е првиот финалист во ракометниот куп на Македонија, откако во првото полуфинале на фајнал-фор турнирот кој се игра во Куманово, го совлада Бутел со 34-31.

Натпреварот почна израмнето. Во првите 15. минути се играше гол за гол, а тимот од Бутел водеше со минимални 6-7. Потоа следуваше серија на Металург од 8-2 со која во 26. минута стигнаа до највисоките плус пет (14-9). Во 25. минута, голманот на Бутел Бојан Блажески доби црвен картон, откако во обид да ја пресече контрата на Металург, невнимателно реагираше и го фаулираше Бојан Маџовски.  До крајот на полувремето ракометарите на Игор Котески се консолидираа и со серија од три гола на одмор дојдоа на само минус два (17-15) резултат со кој се замина на одмор.

По пет минути неизвесност во вториот дел, натпреварот одеше само во еден правец. Избраниците на Димитриоски во 41. минута повторно стигнаа до највисоките плус пет (24-19). До крајот избраниците на Игор Котевски на неколку пати успеаја да дојдат на минус два, што не беше доволно за пресврт. Металурзите го издржаа притисокот и стигнаа до победа од 34-31.

Најефикасни во победничкиот табор беа Томислав Јагуриновски со 11 и Александар Шпенде со 6 гола, додека кај поразениот Бутел најдобар беше Мирко Мајиќ со 11 гола.

Во второто полуфинале од 20 часот се среќаваат Вардар и Еурофарм Работник.

Се вчитува...