Металург им се приклучи на Вардар и Охрид во втората фаза на Купот на Македонија

И Металург без проблеми ја помина првата пречка во ракометниот куп на Македонија откако вечерва на домашен терен славеше над Јехона со убедливи 44-22. „Металурзите“ почнаа одлично и веќе по првиот дел имаа предност од 20-9.

Во вториот дел разликата само се зголемуваше за конечни 44-22. Убедливо најдобар поединец на натпреварот беше домашниот ракометар Александар Петковски кој мечот го заврши со 11 гола. Кај гостите Адис Салиу стигна до шест погодоци.

Куп на Македонија (МАЖИ) 

12/11, 19:00, Охрид – Преспа 38-21

12/11, 19:30, Металург – Јехона 44-22

13/11, 12:30, Голден Арт – Партизан Гевгелија

13/11, 13:00, Пролет – Кичево

13/11, 13:00, Јуниор КВ – Куманово

13/11, 14:00, Скопје – Текстилец

13/11, 14:30, Работнички – Драчево

13/11, 15:00, Македонија Ѓорче Петров – Струга

13/11, 16:00, Еурофарм Пелистер 2 – Металург РА

13/11, 16:00, Астраион – Прилеп

13/11, 17:00, Борец – Тиквеш

13/11, 17:30, Бутел Скопје – Вардар Неготино

13/11, 19:00, Шампион – Еурофарм Пелистер

14/11, 12:00, Аеродром – Младост Богданци

14/11, 13:00, Алкалоид – Радовиш

Се вчитува...