Металург подобар од Охрид за трето место на „Струга 2017“

Ракометарите на Металург го освоија третото место на 45. Интернационален турнир „Струга 2017“ славејќи во битката за бронзениот медал против Охрид со 33-28 (15-15).

По главно сосема израмнето прво полувреме, „металурзите“ создаа предност во првите десет минути од вториот дел и до шест голови разлика. Но, тоа не беше доволно да се осигура победата. Расположените охриѓани до 50. минута се вратија на само еден гол негатива (26-25) за неизвесна завршница која, на крајот, сосема заслужено им припадна на скопјани за конечни 33-28.

Најдобар кај Металург беше Божо Анѓелиќ со 7 гола, а шест погодоци запиша Илиќ. Кај охриѓани се издвоија Димитриевски и Кљаиќ со по пет постигнати гол.

Во битката за 5. место на турнирот, претходно, шведскиот Алингсас го победи домаќинот Струга со убедливи 46-18.

Се вчитува...