Металург се засили со белгиски ракометар

Ракометниот вицепрвак Металург се засили со нов ракометар на позиција среден бек. Се работи за Арбер Ќерими, кој доаѓа од француската екипа Сесон. Тој е белгиски репрезентативец и е најдобар играч на својата земја.

Ќерими има 28 години и е висок 180 см.

„Арбер пристигна денеска и веднаш се отпатува за Маврово каде му се приклучи на тимот на Металург во подготовките за новата сезона“, информираше клубот на официјалниот сајт.

Се вчитува...