Металург се засилува – двајца ракометари на проба

По заминувањето на Халил Јагањац во Нексе, Металург бара ново засилување на бековската позиција. На проба во Автокоманда се двајца сстрански ракометари – Словенецот Миха Пучник (30) и Португалецот Фелипе Гончало Рибеиро (21).

Пучник игра на позицијата лев бек и во изминатите три сезони настапуваше за белгискиот Ахил Бохолт. Претходно во Словенија играше за тимот на Марибор и за Горење.

Португалецот Рибеиро е среден/лев бек и настапува во Франција, во тимот на Понто Комболт.

И двајцата ракометари ќе бидат неколку дена на проба во Металург, а еден од нив најверојатно ќе остане во Автокоманда.

Се вчитува...