Металург тргна со подготовки, ќе игра на турнир во Франција

Зоран Кастратовиќ со денешниот тренинг ја изврши првата прозивка во 2020 година, означувајќи старт на подготовките на Металург за вториот дел од сезоната.

Очекувано, тренерот на „металурзите“ на располагање ги немаше репрезентативците Серафимов и Танковски, како и повредениот Велко Маркоски, кој се појави на денешниот тренинг, но нема да може да тренира уште дваесетина дена. Денеска во „Автокоманда“ не се појавија ниту Чантурија и Кбилашвили, кои се со репрезентацијата на Грузија, додека поради настинка не тренираа Шилегов и Поповиќ.

Но, Металург во Скопје ќе остане само два дена, бидејќи од 10 до 19 јануари ќе престојува и ќе се подготвува во Франција. Поранешниот македонски првак најпрво оди во Клермон Феран, каде ќе одигра две пријателски средби со Ним (11 јануари) и со Кретеј (14 јануари). Потоа, тимот на Кастратовиќ ќе учествува на турнирот во Монлисон, каде ќе настапи заедно со екипите на Спортинг, Шаран и на Данкерк.

Се вчитува...