Металург во Лигата на шампионите ќе игра и во вардаровиот дом „Јане Сандански“

Ракометарите на Металург во престојнава сезона во Лигата на шампионите ќе играат и во вардаровиот дом „Јане Сандански“ во општина Аеродром.

„Металурзите“ натпреварот од 3. коло во Лигата на шампионите против словачки Татран Прешов ќе го играат во „Јане Сандански“ поради зафатеност на големата сала во СЦ „Борис Трајковски“ каде, пак, ќе бидам домаќини, како и претходните сезони, на останатите натпревари.

Натпреварот меѓу Металург и Татран Прешов ќе се игра последниот викенд од месец септември. Терминот дополнително ќе биде прецизно утврден.

Се вчитува...