„Металургот“ Јагањац – играч на колото во ЛШ

Халил Јагањац е изборот на ракометните фанови ширум Европа за најдобар ракометар во четвртото коло од Лигата на шампионите. Металург во рамките од четвртото коло претрпе пораз во Данска од екипата на Силкеборг, но Јагањац беше незапирлив за данскиот тим, завршувајќи го натпреварот со десет погодоци.

Хрватот уште еднаш потврди дека е најдобар поединец во таборот на Металург сезонава, но останува да почекаме наскоро тој да го предводи македонскиот тим и до првата победа во Лигата на шампионите, по четирите порази на стартот.

Се вчитува...