„Металурзи“ добија психолошка поддршка

Ракометарите на Металург покрај тренинзите во иднина ќе имаат  и психолошка подготовка за поголема стабилност во настапите и реализација на поставените цели и задачи. Со младиот состав на Металург ќе работи тим на психолози од приватната болница „Ремедика“, д-р Марија Стојкоска Василевска и д-р Павлина Михаловска. Целта е создавање на индивидуи и тим препознатлив по својата борбеност, спортска дрскост и желба за победа, но и индивидуални личности што ќе знаат што е спортски морал и етика, фер-плеј и во победа и во пораз, се наведува на официјалниот клупски сајт.

„Нашата главна цел е да им помогнеме на играчите да разберат дека физичкото здравје е тесно поврзно со менталното здравје. Па затоа со примена на различни методи, вежби и техники ќе се обидеме да ги заинтересираме за теми од личен развој за да разберат како функционираат нивната личност, психа и ум. Со овие психолошки работилници ќе им помогнеме полесно да стигнат до исполнување на својата цел и исполнување на својот животен потенцијал – изјави тренерот Данило Брестовац.

Се вчитува...