Методи Максимов во Работнички до 2024 година

Еден од најталентираните македонски фудбалери, Методи Максимов, останува во Работнички до 2024 година. Тој потпиша нов договор и ќе остане дел од клубот од Дебар маало и во наредниот период. Спортскиот директор Горан Станковски е задоволен што Максимов ја обнови соработката со Работнички.

„Раководството на клубот покрај ангажманот на нови засилувања, максимално е фокусирано и на соодветна грижа за фудбалерите кои се нашето богатство и клупска иднина. Во таа насока, среќни сме што ја обновивме соработката со Методи Максимов. Тој е еден од најталентираните македонски фудбалери, младински репрезентативец и веруваме дека е светла иднина на клубот“, вели Горан Станковски.

„Чест ми е што го носам дресот на Работнички. Во овој клуб се изградив како фудбалер и ја добив шансата да се наметнам и благодарен сум за тоа. Се надевам дека во иднина ќе оствариме уште многу заеднички успеси“, изјави Методи Максимов.

Се вчитува...