Мхитарјан бил дури трет избор на Венгер околу размената со Алексис Санчез

Арсенал и Манчестер јунајтед договорија мегаразмена во која Алексис Санчез ќе замине на „Олд трафорд“, а во Лондон ќе пристигне Хенрик Мхитарјан. Се е договорено, останува двајцата фудбалери да ги минат медицинските прегледи и ови трансфери да бидат официјализирани. Чилеанецот се очекува да стане најплатениот фудбалер во Премиер – лигата со неделна плата од 430.000 фунти, а Мхитарјан во Арсенал конечно да добие многу поголема минутажа.

Интересно е дека Ерменецот бил дури третиот избор на Арсен Венгер во преговорите за размена на фудбалери со Манчестер јунајтед. Францускиот стратег прво го посакувал левиот бек Лук Шо, но тој потпиша продолжување на договорот со „црвените ѓаволи“ и Жозе Мурињо не дозволил да си замине. По ова, Венгер го побарал и крилниот напаѓач Антони Марсијал, но исто така добил негативен одговор од Мурињо. На крајот, мегаразмената ќе се реализира меѓу Хенрик Мхитарјан и Алексис Санчез.

Се вчитува...