Мхитарјан и Хамбарџумјан ги решија Босанците

Фудбалската репрезентација на Ерменија славеше против селекцијата на БиХ со 4-2 и се проби на третата позиција на табелата во групата Ј со 9 освоени бода. На првите две позиции се Италија и Финска.

Хенрик Мхитарјан уште во третата минута ја доведе Ерменија во водство, но израмни Един Џеко десет минути подоцна. Во вториот дел повторно Мхитарјан стрелаше за 2-1, но возврати и Амер Гојак. Поранешниот вардарец Хофханес Хамбарџумјан беше стрелец на третиот гол за Ерменците, а конечниот резултат го постави Стјепан Лончар кој во судиското продолжение си постигна автогол.

Се вчитува...