Мхитарјан може да го гледа финалето во Баку на ТВ, Ерменецот не патува во Азербејџан

Арсенал има дилем дали воопшто да аплицира за виза за Хенрик Мхитарјан за финалето од УЕФА Европа лигата во Баку. Капитенот на Ерменија и додека е во Арсенал, а и претходно како играч на Борусија Дортмунд ги пропушташе гостувањата во Азербејџан.

Ова поради тоа што Ерменија и Азербејџан немаат дипломатски односи, а причината е деценискиот спор за конфликтниот регион Нагорно-Карабах.

Додека беше играч на Борусија, во 2015 година, Мхитарјан не отпатува на гостувањето кај Габала во дуел од Лигата на Европа. Оваа сезона пак со Арсенал не отиде на гостувањето кај Карабах во Октомври, а Унаи Емери рече дека „тој не може да патува овде“. Од Карабах пак тврдеа дека Арсенал ја одбил помошта на УЕФА за добивање виза и оти клубот сакал да го заштити Мхитарјан од притисокот да игра во Азербејџан.

Арсенал ќе се соочи со премиерлигашкиот ривал Челси во битката за трофејот во Европа лигата во финалето закажано за 29 мај во главниот азербејџански град.

Се вчитува...