Мхитарјан се враќа на тренинзите на Арсенал

Ерменскиот интернационалец Хенрик Мхитарјан ќе се врати на тренинзите на Арсенал следната седмица, потврди клубот на официјалниот сајт. Тој ја надмина повредата на метатарзалната коска која го оддалечи од терените повеќе од еден месец.

Мхитарјан се повреди на мечот против Тотенхем во Лига-купот на Англија, по што лекарскиот тим утврди дека ќе му биде потребна пауза од шест седмици до враќањето во составот. Ерменецот ќе се врати една седмица порано на тренинзите, но сигурно ќе поминат најмалку уште три седмици додека да влезе во полн тренажен процес.

Мхитарјан дојде во Арсенал во јануари 2018 година како дел од трансферот на Алексис Санчез во Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...