Мхитарјан со македонски копачки ќе игра против Македонија… (ФОТО)

Македонија од септември ги стартува своите натпревари во Лигата на нации, во групата во која играме и против селекцијата на Ерменија. А, една од најголемите ѕвезди во Премиер лигата, ерменскиот репрезентативец Хенрих Мхитарјан ќе носи копачки направени во Македонија!

„Инспириран од неговиот скромен дух, истите симболизираат „богатство” откриено по долго време, во некој дел од домот. Во боите на неговата земја, Ерменија, и неговиот клуб Арсенал, тие се огромно благодарам за сите фанови кои го поддржуваат. Ни претставува задоволство што после огромен број светски познати спортски ѕвезди, Македонија може да се пофали со дизајн студио чии дизајни стигнале и до Премиер лигата“ – велат од дизајн студиот „The S. Team“ од нашава земја кои опслужуваат голем број светски спортски ѕвезди.

Се вчитува...