Миа Тодорова сребрена на Европското првенство во кик-бокс

Младата македонска кик-боксерка Миа Тодорова го освои сребрениот медал на Европското првенство за постари кадети и јуниори кое се одржува во Црна Гора.

Во борбата за злато во категоријата до 65 килограми, Тодорова загуби од Русинката, Пеливан Ајшегул со 3-0. Тодорова единствена донесе сребро за Македонија од ова ЕП и тоа во дисциплината К1.

Претходно, со бронзени медали се закитија и Олгица Орешкова (лоу кик), Силвио Мировски и Горјан Ристовски (К1).

Се вчитува...